Global searching is not enabled.
Оди до главна содржина

Прецизното земјоделство споредено со конвенционалното ( традиционалното) земјоделство

Главните разлики помеѓу конвенционалното и прецизното земјоделство се:

  • Управување со теренот во помали делови, врз основа на варијабилноста на теренот

Со конвенционалното земјоделство, производителите ја експлоатираат својата земја како целина, без разлика дали ги знаат особеностите и различните потреби на секој нејзин дел. Во истото поле, типот на почвата, хранливите материите, водата и дренажата можат да се разликуваат. Прецизното земјоделство користи нови технологии и обезбедува инфорамции за управување со теренот во помал обем. Овие технологии обезбедуваат податоци за висока просторна и временска анализа, односно информации за варијабилноста и потребите на теренот во секоја точка, така што примената на инпутите е попрецизна и поефикасна.

  • Обезбедување подетални и точни информации

Во денешно време, сите информации за плодноста на почвата, хранливата состојба на растенијата и нивната клиничка слика во однос на штетниците се добиени врз основа на земање мостри и се однесуваат на целото поле. Во повеќето случаи, методот на земање примероци кои ги користат производителите не е секогаш точен и аналитичките техники во нивната сегашна форма се бавни и скапи, така што не е возможно и исплатливо зестото земање на примероци. Од друга страна, со техниките на мапирање, податоците кои се добиваат ја истакнвуаат варијабилноста на секој дел од полето. Така, прецизното земјоделство ја намалува неизвесноста на производителите при носењето одлуки, бидејќи собирањето и анализата на податоците е подетално и попрецизно. Затоа, решението е навремено и конкретно. Покрај тоа, прецизното земјодеслтво овозможува квантифицирање на перформансите на управувањето.

https://lh3.googleusercontent.com/9M2ZCnH0vWF40aEJ_2Fz6j1MNQBHvemh__KaSSI8h6ixtdihOf1ZxD5vxhnUrpTI515Rh5LqZag5mP5cP9draB7jStYawvfiy2_6I3owQk13ysDZdNKh_TQFYtt2F90jNoh-0CglXCTTNOh80FGOGPWyYqkumKKlYB0-t8dkrDlNXwktsVQWotVT2SSlGkI7cOnWHQ

  • Намалување на инпутите

Во конвенционалното земјоделство, примената на инпутите за земјоделските култури ( вода, семе, ѓубрива, пестициди итн), се заснова на земање мостри. Така, полето се третира како целина и дозите кои се применуваат ги претставуваат просеците. Како резултат на тоа, примената на инпутот е поголема од потребната количина и ги зголемува трошоците за производство и ја оптоварува животната средина. Спротивно на тоа, прецизното земјоделство се однесува на варијабилноста на полето и ги применува соодветните инпути онаму каде што е потребно, во вистинска доза и во вистинско време. Со тоа се постигнува намалување на инпутите на културите, а со тоа и намалување на трошоците за производство. 

  • Зголемување на ефикасноста на производството и подобрување на квалитетот на производите

Поделбата на теренот на зони според нивната варијалност и потреби и соодветно правилната примена на инпутите просторно и временски,  доведува до развој на попродуктивни растенија, бидејќи нивните потреби се точно задоволени. Од друга страна, примената на инпутите во правилна доза обезбедбува квалитетни производи кои се погодни за современите потреби на потрошувачите, и го зголемува приходот на производителите.

  • Заштита на животната средина

Во последните години, трошењето вода, ѓубриа и пестици, предизвика огромни негативни ефекти врз животната средина. Тие вклучуваат деградација на почвата до степен на опустинување, намалување на водните ресурси, навлегување на морската вода во крајбрежните области, засолување и загадување на почвите, и производство на производи со слаб квалитет и во многу случаи, производи кои се опасни за потрошувачка. Со прецизното земјоделство, односот и меѓузависноста помеѓу земјоделството и животната средина е директен и динамичен. Соодветното управување и имплементацијата на инпутите, ги минимизира штетните ефекти од земјоделието врз животната средина и здравјето на луѓето.

Како заклучок, прецизното земјоделство може да им помогне на земјоделците максимално да ги искористат своите ресурси без да им го зголеми обемот на работа. Тоа помага да се намалат трошоците за потребата од ѓубрива, пестициди и хербициди. Имајќи предвид дека притисокот за повисоки приноси брзо се зголемува, инвестицијата во прецизното земјоделство би била мудра одлука на земојделците бидејќи на крајот би довела до зголемен профит, здрава клима и промовирање на одржливо земјоделство.