Global searching is not enabled.
Оди до главна содржина

Анализа и експлоатација

Прецизното земјоделство е раскрсница во која се среќаваат високи технологии, познавање на земјата, почвата, климата и добрите практики во земјоделската дејност. Економските аспекти со прецизното земјоделство се поврзани со воведувањето на оние практики кои можат да помогнат за подобрување на оптимизацијата на трошоците и добивање на поквалитетни производи и подобри стапки на собирање на приносите од културите. За да се воведат практиките и техниките на прецизно земјоделство, потребни се конкретни инвестиции во: обезбедување информации, агротехнички процедури, услуги за мониторинг и употреба на GPS уреди за мапирање на теренот и планирање на производниот процес според специфичните потреби. Има широк спектар на техники кои би можеле да се воведат во производствениот процес, но само во одредени случаи овие практики би можеле да бидат остварливи и исплатливи, и би можеле да го доведат земјоделското производство до оптимизација, намалување на трошоците за експлоатација и подобрување на финансиските извештаи.

https://imageio.forbes.com/blogs-images/cognitiveworld/files/2019/07/Depositphotos_162344144_s-2019.jpg?format=jpg&width=1200&fit=bounds

Прецизното земјоделство се состои од неколку принципи:

  • Добивање на информации за состојбата на природните ресурси: климатски и микроклиматски карактеристики, состојба на почвата, на вегетацискиот индекс на растителните култури, следење на условите за чување на животните во земјоделските објекти ( температура, влажност, осветлување)
  • Систематизација на собраните податоци во статистички табели и нивна агрегација во математички модели
  • Презентирање на сосотојбата на земјоделскиот посед, што е можно појасно и преку употреба на мапи и графикони кои ја означуваат неговата состојба
  • Технологии за примена на ѓубрива и производи за заштита на растенијата со можност за „променлива стапка“ според собраните информации
  • Мониторинг на поседот во реално време, со користење на метеоролошки станици- контрола на температура, влажност и врнежи. Периодично земајте  примерок за да ја следите состојбата на почвата.
  • Можност за спроведување на навремени и соодветни мерки со користење на оптимални ресурси и зачувување на виталноста на природните ресурси што е можно подолго.

Еден од најамбициозните и најинтересните аспекти кои произлеуваат од прецизното земјоделство е, според тоа, обидот да се комбинираат две навидум различни цели: максимизирање на продуктивноста со намалување на еколошките и економските трошоци. За да се постигне ова, потребно е детално познавање на параметрите на одгледување, топографските и временските услови на животната средина.