Во последните години, трошењето вода, ѓубрива и пестидици предизвика огромни негативни ефекти врз животната средина. Деградацијата на почвата до степен на опустинување, намалувањето на водните ресурси, навлегувањето на морската вода во крајбрежните области, засолувањето и загадувањето на почвите и на крајот, производството на производи со послаб квалитет кои во многу случаи се опасни за потрошувачка, се дел од резултатите. Прецизното земјоделство и заштитата на квалитетот на животната средина се неразделно поврзани. Сепак, влијанијата на прецизното земјоделство врз квалитетот на животната средина е слабо документирана, а повеќето научници веруваат деак разумната примена на земјоделските инпути само кога е потребно, ќе ги намали негативните влијанија врз животната средина. Беа идентификувани 5 клучни еколошки придобивки кои треба да се кватифицираат како резултат на усвојувањето на прецизната земојделска технологија. Тие се: