Global searching is not enabled.
Оди до главна содржина

Примери за можностите кои ги нуди дигиталната технологија за комуникација

  • Од удобноста на своите домови, луѓето можат да присуствуваат или да следат настани во далечни земји, со што ќе заштедат многу време, пари и енергија.
  • Со брз пристап до Интернет, луѓето кои се заинтересирани да научат нешто преку некој курс, можат истиот тој курс да го следат онлајн.
  • Со мобилни алатки (mobile data) за собирање податоци и онлајн платформи за соработка, луѓето во оддалечена географска област кои ги проучуваат локалните феномени, можат да соработуваат со колегите кои вршат слична работа насекаде во светот.
  • Училиштата кои немаат доволно научни простории и капацитети и не можат да им обезбедат на учениците лаборатории, можат да им понудат на своите ученици виртуелни лаборатории за хемија, физика, анатомија и биологија- нудејќи им на учениците иста можност за учење, како и на учениците кои учаат во училишта кои што имаат такви лаборатории или други научни капацитети.
  • Технологијата може да им помогне на образовните институции да се движат подалеку од училницата и ги користат можностите за учење достапни во музеите, библиотеките и други вонучилишни институции.
  • Возрасен ученик кој има ограничен физички пристап до континуирано образование, може да се усоврши со искористување на онлајн програмите за едукација и да се стекне со нови сертификати, така што ќе може да се едуцира без оглед на неговата локација.
  • Луѓето можат да пишуваат пораки и да поднесуваат барања до институциите без да ги напуштат своите домови.
  • Луѓето кои се занимаваат  со креативни пишување, музика или медиумска продукција, можат да ги објавуваат своите дела пред широка глобална публика, без оглед на тоа каде се образувале.