Global searching is not enabled.
Оди до главна содржина

Персонализирано веб прелистување

Потребен ви е профил. Мора да бидете свесни дека некои онлајн содржини во резултатите од пребарувањето можеби нема бидат со отворен пристап или нема да се слободни и достапни и може да бараат надомест или регистрација од вас ( најавете се со вашиот профил) за да може да пристапите со самата содржина. Да се регистрирате или да се најавите за некоја услуга, значи, пред сѐ да ја креирате вашата сметка на Gmail/ Yahoo/Hotmail и така натаму. Можете да ги користите истото корисничко име и истата лозинка за да се најавите на вашата е-пошта или друга услуга како YouTube, GooglePlay или Facebook.

  • Internet cookies (Интернет-колачињата) – се мали датотетки оставени на вашиот уред додека сте онлајн, чија цел е собирање на информации за вас и вашите преференции.  Тие можат да го подобрат вашето искуство со прелистување, бидејќи можат да ги запомнат вашите параметри и благодарение на тоа, не  мора да се најавувате секогаш кога посетувате одредена веб страница. Меѓутоа, со користење на „колачињата“, пребарувачите ќе ве водат само до страни кои се слични на оние кои ги барате и постепено би можеле да ја намалат вашата перспектива за вестите и актуелните прашања. Ако корисникот повторно се врати на истата страна во иднина, веб-прелистувачот ги враќа тие податоци на веб-серверот во форма на колаче. Без постоењето на колачињата, ќе треба повторно да се најавите откако ќе ја напуштите страницата или доколку пазарите онлајн, ќе треба повторно да ја обновите вашата „количка“ доколку случајно ја затворите страната. „Колачињата“ се важен дел од Интернетот, а исто така можат да бидат и пропратен дел од вашето пребарување на Интернет, доколку вие така одлучите, а исто така може да ограничите кои колачиња ќе бидат на вашиот компјутер или на мобилниот телефон.

Бидете свесни дека вашата геограска локација и колачињата од вашите претходни побарувања ќе влијаат на резултатите од вашето пребарување, на пример околу дестинацијата за патување која сакате да ја одберете.  Исто така, ќе ви помогнат да се осигурате дека сте добро информирани за важни социјални и политички прашања со тоа што нема да бидете ограничени во поглед на вашата перспектива.  Можете и целосно да ги оневозможите колачињата со гледање на вашите поставки во вашиот Интернет прелистувач, но сепак, внимавајте бидејќи некои веб-страници не функционираат правилно.

  • Влијанија на личното однесување на Интернет. Мора да бидете свесни дека резултатите од пребарувањето, активностите на социјалните медиуми и препораките за содржини на Интернет се под влијание на низа фактори. Овие фактори ги вклучуваат и термините за пребарување што ги користите, контекстот ( на пример географската локација), уредот ( лаптоп или мобилен телефон), локалните прописи ( кои понекогаш диктираат што смее, а што не смее да се прикаже), однесувањето на другите корисници ( на пример трендовски пребарувања и препораки) и вашето поранешно онлајн однесување на Интернет. Многу апликации на Интернет и мобилните телефони собираат и обработуваат податоци ( лични податоци, податоци за однесувањето и контекстуални податоци) до кои корисникот може да пристапи или да ги добие за да ги следи нивните активности на Интернет ( пр. кликнувања на социјалните медиуми, пребарувања на Google) или офлајн активности ( пр. број на направени чекори, број на возења со автобус итн).