Global searching is not enabled.
Оди до главна содржина

Преглед на темата

  • Лекција 1 - Граматика А (почетно ниво)

    Општа цел: 
    Целта на овој час е да ги запознае учесниците со основните граматички структури на англискиот јазик кои можат да ги користат во секојдневниот живот. Целта е учесниците да се чувствуваат посамоуверено кога го користат англискиот јазик. Часот се состои од теоретски и практичен дел на почетно ниво (A1 - A2).

    Другите цели се:
    Да се зголеми самодовербата на жените кога користат англиски форми
    Да ја разберат структурата на речениците во англиски јазик
    Да го разберат редоследот на зборовите.

    Придобивки од учењето: 
    По завршувањето на овој час, учесниците ќе можат да формираат прости реченици на англиски јазик, да ги разликуваат минатото ,сегашното и идното време, и да знаат како да се изразуваат во трето лице. Исто така, ќе имаат повеќе самодоверба преку учењето и повторувањето на овие основни структури.



  • Лекција 2 - Граматика Б (средно ниво)

    Специфични цели:

    • Да направи краток преглед на граматичките структури.
    • Учесниците да се чувствуваат посамоуверено кога го користат англискиот јазик.

    Придобивки од учењето: 
    По завршувањето на овој час, учесниците ќе бидат способни да составуваат посложени реченици на англиски јазик и да ги разликуваат сите времиња. Исто така, треба да бидат самоуверени кога го користат англискиот јазик, благодарение на новите граматички форми со кои ќе се запознаат на овој час.


  • Лекција 3 - Општ вокабулар

    Општа цел:
    Целта на овој час е да обезбеди дел од корисниот речник кој им е потребен на жените од руралните области во нивниот личен и професионален живот. Неговата цел е да ги подобри нивните вештини за англиски јазик кога станува збор за бројот на зборови со кои се запознаени, со што ќе станат посигурни кога го користат англискиот јазик и ќе го прошират своето знаење.

    Специфични цели

    • Да се обезбеди корисен речник
    • Учесниците да бидат способни да ги запомнат и користат овие зборови.

    Придобивки од учењето: 
    На учесниците ќе им треба помалку време за да ги изразат нивните мислења и идеи на англиски јазик по завршувањето на овој час. Тие ќе ги разберат другите луѓе кога им зборуваат или им пишуваат на англиски јазик.



  • Лекција 4 - Вокабулар за специфични потреби

    Општа цел:
    Целта на овој час е да им го прикаже корисниот ESP (English for specific purposes) речник- англиски јазик за специфични потреби, на жените од руралните средини, бидејќи истиот може да им биде потребен во нивниот професионален живот поврзан со земјоделството и руралните средини. Целта е да се зголеми нивното знаење, говорни вештини и да користат зборови кои се поврзани со земјоделството.

     Други цели на часот:

    • Обезбедување на  ESP речник.
    • Учесниците да можат да ги запаметат и да ги користат овие фрази.

    Придобивки од учењето: 
    Учесниците ќе можат да зборуваат и да пишуваат за нивната работа и нивните одговорности на англиски јазик. Ќе можат да ги разберат другите луѓе кога ќе им зборуваат за теми поврзани со земјоделството на англиски јазик.



  • Лекција 5 - E-mail и деловна комуникација во пишана форма

    Општа цел: 
    Целта на овој час е да обезбеди општ преглед на формалниот и неформалниот стил на писмена деловна комуникација, особено е-поштата, и да сподели одредени вештини и фрази кои се потребни за пишување на меилови, насочени за жените од руралните области кои можеби ќе им требаат во нивниот професионален живот во врска со земјоделството и руралните средини. Целта е да се подобрат нивните вештини за англиски јазик, особено вештините за пишување и на тој начин да станат посигурни во деловната комуникација на англиски јазик со цел да ги промовираат и продаваат нивните производи итн.


    Специфичните цели на овој час се:

    • Да обезбеди информации за начинот на пишување на меил

    • Да им помогне на учесниците да го разликуваат формалниот од неформалниот стил на пишување

    • Да ги научат учесниците како да одговараат на меил.

    • Да ги научи учесниците како да пишуваат формален меил/писмо – деловна комуникација


    Придобивки од учењето: 
    Учесниците ќе знаат да напишат е-пошта и писмо за деловна комуникација, ,било во формален, неформален или полуформален стил. Тие ќе ги разберат разликите во стиловите и фразите што се поврзани со индивидуалните стилови.




  • Лекција 6 - Аплицирање за работа и CV

    Општа цел: 
    Главната цел на оваа лекција е да се подготват жените од руралните средини за нивното интервју за работа на англиски јазик, да напишат CV  и писмо за апликација за работа. Неговата цел е, исто така, да ги подобри нивните вештини за англиски јазик, вештините за пишување и комуникација и на тој начин да станат посигурни во користењето на англискиот јазик кога аплицираат за работа.


    Специфичните цели за овој час се :

    • Обезбедување на информации за пишување  CV.

    • Водење на учесниците во процесот за пишување писмо за апликација за работа

    • Информирање околу тоа како да се подготвите за интервју за работа.


    Придобивки од учењето: 
    Учесниците ќе можат да напишат CV  и писмо за апликација за работа. Тие ќе можат успешно да комуницираат на англиски јазик, да се подготвувааат за интервју за работа, да слушаат и одговараат на комисијата за интервјуирање, да зборуваат за своето работно искуство, образованието, идните планови итн.



  • Лекција 7 - Говорни способности - деловна комуникација

    Општа цел: 
    Целта на овој час е да даде општ преглед на формалниот и неформалниот стил на орална деловна комуникација, да го збогати вокабуларот и да ги подобри говорните вештини кои се неопходни за деловна комуникација и на тој начин исто така и да се промовира бизнисот и продажбата на производи.

     

    Специфичните цели на овој час се :

    • Подобрување на говорните и комуникациските вештини на англиски јазик во повеќе ситуации (преговарање, пречекување гости, кратки разговори, поканување некого, прифаќање или одбивање понуда)

    • Учење на  различен вокабулар за соодветни ситуации


    Придобивки од учењето: 
    Учесниците ќе бидат способни ефективно да комуницираат на англиски јазик во повеќе ситуации, да преговараат со потенцијални бизнис партнери, успешно да го промовираат и рекламираат нивниот бизис и нивните продукти, како и да прашуваат и да одговараат на прашања поврзани со бизнисот и да водат кратки разговори.